Почина пејачката од бендот кој цел свет го обожаваше во 90-те години: Барби Кели ја изгуби животната битка на 46-годишна возраст

Фото: Инстаграм

Барби Кели, членката на некогаш планетарно популарниот ирски бенд, „The Kelly Family“ по кратко боледување почина на 46-годишна возраст.

Нејзиното семејство ја информираше јавноста за трагичните вести преку официјалниот канал на бендот.

– Нашата сакана сестра Барби почина пред неколку дена. Длабоко сме тажни, бескрајно ќе ни недостасува и секогаш ќе ја носиме во нашите срца. Им благодариме на сите за сочувството и молитвите во овој момент – напишаа тие.


Пред 20 години, Барби го напушти семејниот бенд и се повлече од јавноста поради ментална болест, а нејзиниот брат Џими тогаш изјави дека неговата сестра не се чувствува добро и дека и е потребна помош. Тој заклучи дека големата светска популарност што бендот ја имал во тоа време и огромниот притисок ја уништил неговата сестра.

Ирско-американскиот вокален колектив ја започна својата кариера во 70-те со улични концерти низ цела Европа. Големиот чекор напред на музичката сцена се случи многу подоцна, во 90-тите. Во 1994 година, тие го снимија хит-албумот „Over the Hump“, кој ги претвори браќата и сестрите Анџела, Педи, Патриција, Мејт, Кејти, Барби, Џон, Џими и Џои во големи музички sвезди, а светот полуде по нивниот поп – фолк звук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот