Почина наследничката на јувелирската династија „Булгари“: Киднаперите на син ѝ му го отсекле увото

Ана Булгари Калисони, една од наследниците на угледната италијанска династија на накит „Булгари“, почина во петокот во градот Априлија во близина на Рим на 93-годишна возраст, потврди портпаролката на семејството во неделата.

Името на Ана Булгари ги полнеше насловните страници на весниците во 1983 година кога таа и Џорџ, нејзиниот син, кој тогаш бил тинејџер, беа киднапирани од имотот. Киднаперите ги држеа во заробеништво со недели, пред да ги ослободат откако беше платена откупнината.

Му го отсекле увото на синот

Медиумите во Италија потсетуваат дека киднаперите тогаш му отсекле дел од увото на момчето и го испратиле до семејството Булгари, со цел да ги исплашат и да ги принудат да ја платат откупнината што е можно побрзо.

– Мојот син и јас бевме киднапирани и држени како заложници 35 дена. Тие му го отсекоа увото на моето дете за да го добијат откупот. Киднаперите беа од Сардинија. Убијци. Тие нѐ држеа на под и на студено на планина 35 дена. Моето семејство им плати на киднаперите четири милиони лири, или два милиона евра. Детето ми беше силно, тоа не рече ништо кога му го отсекоа увото со нож. Изгубив 10 години од животот. Беше ужасно – раскажала Ана Булгари за киднапирањето.
Ана по тој травматичен настан живеела мошне повлечено. Нејзиниот починат сопруг бил градоначалник на Априлија.

Грчко-италијански корени

Таа беше потомок на Сотириос Вулгарис, основач на династијата „Булгари“. Ана течно зборувала грчки јазик и била горда што е од Теспротија, област во предградието на Епир, објави грчкиот портал Гриксититајмс. Ана живеела во Италија, но ја сакала Грција, па дури и во нејзините поодминати години, во текот на летото не пропуштала да го посети градот во кој нејзиниот дедо го започнал кралството за скапоцен накит.

Ана беше мајка на три деца.

Италијанската компанија за накит „Булгари“ беше купена во 2011 година од француската компанија ЛВМХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот