Почина Минка Веизовска, пациентката што го пријави аптекарот од Онкологија дека ѝ барал мито за биолошка терапија

Утрово почина Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг и додаде дека смртта настапила на Клиниката за пулмологија во Скопје.

Пред два дена се одржа рочиште за случајот за пријавата за поткуп кон аптеркарот, но Веизовска не беше присутна поради влошување на нејзината здравствена состојба. Таа својот исказ го даде на почетокот на судскиот спор пред околу месец и половина и во него кажа дека аптекарот ѝ барал поткуп а во спротивно ѝ се заканувал дека терапијата за неа ќе ја нема и ќе му биде дадена на друг пациент. Таа во судница отворено кажа дека се сомневала оти терапија не добивала, и покрај тоа што плаќала под рака. Во својот исказ таа спомена повеќе вработени на клиниката.

Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ потврдија дека и покрај смртта на Веизовска процесот против аптекарот ќе продолжи, со оглед на тоа што се работи за предмет кој е отпочнат по службена должност, односно во соработка со МВР и Обвинителството, а не по приватна тужба.

На фармацевтскиот техничар Калтрин Уштеленца, му се суди за кривично дело поткуп затоа што, според обвинението, примил награда за да ѝ издаде биолошка терапија на Веизовска, и покрај тоа што таа би морала да ја прими терапијата бесплатно, затоа што била здравствено осигурана и имала медицински извештај од нејзиниот онколог доктор Симонида Црвенкова.

Потресен исказ за Онкологија во судница: Не ми беше за парите што му ги давав на аптекарот, туку затоа што не ми се даваше терапија!

Инспектор од МВР за аптекарот од Онкологија: Ги зеде стоте евра од пациентката, ги стави во дуксерот и продолжи да јаде од бурекот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот