Почина космонаутот Леонов, првиот човек кој одеше во вселената

Фото: Profimedia

Почина рускиот космонаут Алексеј Леонов, првиот човек кој одеше во вселената, објавија агенциите. Леонов во 1965 година беше првиот човек кој излезе од вселенскиот брод во отворен свемирски простор.

Леонов беше првиот советски и руски космонаут, воздухопловен генерал полковник, писател и уметник.

За време на мисијата Восход 2, Леонов излезе од леталото и во вселенскиот простор помина 12 минути.

Тој имал големи тешкотии за време на враќањето во кабината. Оделото, додека престојувал во вселената, му се надувало и не можел да помине низ вратата. Успеал да се врати во леталото дури откако го испуштил притисокот од оделото, пишува Индепендент.

Учествувал во првиот заеднички лет на советските и американките астронаути во 1975 година. Управувал со вселенскиот брод Сојуз 19, кој во орбитата околу Земјата се споил со американкиот вселенски брод Аполо, пишува Енциклопедија.хр.

Се родил во 1934 година во Сибир. Пред да стане космонаут, бил пилот во Воздухопловните сили на Советскиот Сојуз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот