Почина Ѓорѓи Стефановски, професор во пензија на факултетот за музичка уметност во Скопје

Вчера, по кусо боледување, на 79-годишна возраст почина Ѓорѓи Стефановски, еминентен професор во пензија на Факултетот за музичка уметност во Скопје и поранешен тромбонист во Македонската филхармонија.

Ѓорѓи (Јорго) Стефановски е роден во Битола во 1940 година. Музичка академија завршува во Љубљана каде живее и работи осум години. По враќањето во Македонија е долгогодишен тромбонист во Македонската филхармонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Бил член на познатиот квартет „Рибарски”. Стефановски важи за исклучителен педагог кој вложил во музичкото образование на многу генерации музичари-тромбонисти, кои и денес се столбот на сите професионални ансамбли во Македонија.

Несебично помогнал во развивањето и негувањето на музичката култура во земјава и ужива висока почит кај студентите, колегите и пријателите во земјата и странство.

Погребот на проф. Стефановски ќе се одржи на Градските гробишта Бутел, денес во 14.30 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела во 13.30 часот.Од семејството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот