Почина еден од основачите на „Комити“, Горан Костадиновски – Гого

Фото: facebook.com/KomitiZapad87/

Верната навивачка група нема никогаш да ја заборави неговата големата љубов и страст за Вардар..

По долго боледување почина Горан Костадиновски – Гого (51), еден од основачите на Комити, кој воедно беше и дел од структурите на ФК Вардар.

– Со неверување ја примаме и соопштуваме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена.

Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити.

Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, стихови, песни, кореографии, пароли, текстови…најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк…

Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како институција на Западната трибина од која учевме и многу научивме.
Ќе паметиме дека своевремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар.

Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети.

Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави! Горан Костадиновски – Гого (23.08.1969 – 28.10.2020) – Комити Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот