Почина Бобан Петровиќ, легендата на Партизан и југословенската кошарка

Со СФР Југославија освои сребрен медал на Европскот првенство во 1981 година/Фото: kkpartizan.rs

Легендарниот кошаркар на Партизан, поранешен репрезентативец на СФР Југославија и еден од најдобрите стрелци во историјата на белградските „црно-бели, Бобан Петровиќ, почина утрово во Јужна Африка.

Тој неодамна имаше сообраќајна несреќа, а Петровиќ последните неколку дена од животот ги помина во болница.

Поради мерките за ковид-19, контактот беше многу ограничен, додека утрово се случи тажната вест. Тој почина во болница во Јужна Африка каде што и живеел.

Петровиќ е роден на 19 јули 1957 година во Крушевац. Играше за Партизан од 1976 до 1985 година и во тој период беше еден од најдобрите кошаркари на тој клуб.

Тој исто така беше член на репрезентацијата на СФР Југославија на Европското првенство во 1981 година, кога „сините“ освоија сребро, како и една година подоцна на Светското првенство кога репрезентацијата на Југославија се закити со бронза.

Во дресот на Партизан, Петровиќ двапати доаѓаше до трофејот на „Радивој Кораќ“ (1978 и 1979 година), имаше две титули национален шампион (1979 и 1981 година) и Купот на СФРЈ (1979) со 3.618 поени постигнати на 273 натпревари, Петровиќ е 10 најдобар стрелец во историјата на клубот.

Освен за Партизан, играше уште за француски Ремс, Олимпија Љубљана, шпанската Манреса, Напредак од Крушевац и белгискиот Хаселт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот