Почина Бенџамин Зефанаја, ѕвездата од серијата „Пики блајндерс“

Фото: Supplied by LMK / ipa-agency.net / IPA / Profimedia

Британскиот поет и писател Бенџамин Зефанија, ѕвездата од популарната серија „Пики блајндерс“ на 65, откако му беше дијагностициран тумор на мозокот, пишува „Дејли мејл“.

Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните медиуми.

„Со голема тага и жалење ве известуваме дека нашиот сакан сопруг, син и татко починаа во раните утрински часови. Сопругата на Бенџамин беше покрај него кога тој почина. Го споделивме со светот и знаеме дека многумина ќе бидат шокирани и тажни од оваа вест…“, напиша неговото семејство.

Бенџамин Обадија Икбал Зефанија е роден во областа Хендсворт во Бирмингем во 1958 година. Неговиот татко бил поштар од Барбадос, а мајка му медицинска сестра од Јамајка. Објавил бројни збирки поезија, како и пет романи и седум драми.

Како дислексичар, го напуштил училиштето на 13-годишна возраст, не знаејќи да чита и пишува, но станал еден од најпознатите современи британски поети.

Во 2008 година, „Тајмс“ го прогласи за еден од 50-те најдобри британски повоени писатели, а тој исто така го играше уличниот проповедник Џеремаја Хесус во шест сезони на „Пики блајндерс“ помеѓу 2013 и 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот