Почина Алек Џон Сач, еден од основачите на „Бон Џови“

Алек Џон Сач, еден од основачите на „Бон Џови“ / Фото: Profimedia

Басистот и еден од основачите на групата „Бон Џови“, Алек Џон Сач почина на 70-годишна возраст.

Џон Бон Џови вчера ја објави веста за смртта на Џон Сак, басистот на рок-групата од Њу Џерси, кој свиреше во групата од 1983 до 1994 година, пренесе АП.

Засега не се познати деталите кога точно и како почина Сач.

„Тој беше оригинален“, напиша Бон Џови во објавата на Твитер.

„Како еден од основачите на „Бон Џови“, Алек беше составен дел од бендот“, истакнал пејачот.

Бон Џови навел дека Сач е заслужен за собирањето на бендот, истакнувајќи дека тој бил пријател од детството со тапанарот Тико Торес и дека тој го донел во бендот гитаристот и текстописец Ричи Самбора.

Џон Сач претходно свиреше во групата „Порака“ со Самбора.

Тој го напушти бендот „Бон Џови“ во 1994 година, кога беше заменет со басистот Хју Мекдоналд.

Подоцна повторно се приклучи на групата кога таа влезе во Куќата на славните на рокенролот во 2018 година.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот