Почина актерот од „Господар на прстените“: Беше икона на една ера!
Актерот од филмот „Lord Of The Rings“, Брус Алпрес почина на 89-годишна возраст. Причината за смртта се уште не е позната, а веста за медиумите ја потврди семејството, пишува UNILAD.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Алпрес го глумеше ликот на Алдор во вториот дел на „Lord Of The Rings“, а во својата 60-годишна кариера има играно во многу филмови како „The Scarecrow“, „Piano“, „Frosty Man“, а го играше и ликот на Мастер Пханта во „Power Rangers“.
„Секогаш сакав да работам со Брус, а неговата смисла за хумор и досетки го правеа легендарен. На сите ќе им недостасува и ќе го памтиме. Икона е на една ера“, рече актерот Питер Елиот за NZ Herald.
Неговиот син Мајкл изјави дека татко му живеел исполнет живот.
„Мислеше на себе и ги прифаќаше сите. Ќе ми недостасува“, изјави тој.


