Нават Ицарагрисил и Фатима Бош - Фото: Инстаграм

Мис Универзум конечно се отвори: „Јас не ја купив круната, а татко ми нема никаква врска со организацијата!“

Фатима Бош, победничката на годинашниот избор за Мис Универзум, јавно ја одбрани својата титула по бројни негативни коментари, меѓу кои и обвинувања дека натпреварот бил наместен во нејзина корист. Во вторник беше објавена најава за интервју со новинарката Џуџу Чанг, во кое Бош порача: „Започнаа кампања на омраза“.

Бош одговори и на тешките обвинувања на Омар Харфуш, поранешен член на жирито, кој тврдеше дека нејзината победа била „лажна“ и дека нејзиниот татко, директор на мексиканската државна нафтена компанија „Пемекс“, имал деловни врски со сопственикот на Мис Универзум, Паул Роча.

„Мојот татко нема никаква поврзаност со организацијата, тоа е безумно. Како можеш да купиш круна? Можеби можеш да ја купиш во маркет, да — но не и на Мис Универзум“, изјави таа.

Фатима уште на самиот почеток на натпреварот се најде во центарот на скандал, откако извршниот директор Навад Итсарагрисил јавно ја понижи пред другите натпреварувачки. По неговите навредливи зборови, таа ја напушти просторијата, а со неа заминаа и неколку кандидатки.

„Во тој момент бев исплашена“, признава Бош, додавајќи дека се плашела нејзиниот потег да не ја чини круна.

„Не можев да молчам. Достоинството секогаш е поважно од секоја цена или сон“, вели Фатима.

Таа негира дека конфликтот со Навад, кој стана вирален, придонел за нејзината победа.

„Чувствувам дека испишав историја. Се трудев исто како и сите други“, додаде таа.

По инцидентот, Итсарагрисил беше разрешен од функцијата.

Контроверзиите не застанаа тука. Кратко пред финалната вечер, Омар Харфуш поднесе оставка од жирито и обвини дека изборот на „топ 30“ кандидатки бил направен во тајност, пред жирито да има можност да гласа. Тврдо истакнуваше дека Фатима е „лажна победничка“ и дека нејзиното семејство наводно се обидело да влијае врз неговиот избор.

Организацијата на Мис Универзум ги демантираше сите негови обвинувања.

Фатима категорично ги отфрли гласините дека размислува да се повлече од титулата.

„Секако дека не. Никогаш нема да се откажам од круната. Не сум тука поради слава, манекенство или потрага по сопруг. Тука сум затоа што Бог ми даде цел. Имам мисија — и ќе ја исполнувам сите овие години, ќе им служам на луѓето, ќе помагам“, порача таа.

Бош ја заврши изјавата со став дека нејзиниот труд, а не контроверзиите, ја довел до титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот