Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе биде во самоизолација до 24 декември, откако беше објавена веста дека францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на ковид-19, соопштија од Владата во Мадрид.
Санчез и Макрон се состанаа во понеделникот во Париз, а денеска од Елисејската Палата се огласија дека тестот на францускиот претседател е позитивен на коронавирусот.
– Претседателот денеска беше тестиран и доби позитивен резултат. Тестот беше направен, откако ги пројави првите симптоми, се наведува во соопштението.
Макрон, според француските медиуми, ќе остане во самоизолација во наредните седум дена.