По ужасните обвинувања на соработниците, Елен Деџенерис се врати на работа: Знам дека имам привилегирана позиција и моќ

YOUTUBE
принтскрин/јутјуб

Една од најпопуларните ТВ водителки во светот, Елен Деџенерис која во изминатите неколку месеци беше обвинета за малтретирање и вознемирување на работно место, се врати на малите екрани и ја започна 18-тата сезона на нејзиното „The Ellen DeGeneres show“.

62-годишната Елен објави видео на својот инстаграм-профил, признавајќи дека работи на себе, но и им даде јавно ветување на сите гледачи кои ја следат на малите екрани, дека таа е истата личност што ја гледаат на телевизија.

Instagram

„Можеби сте имале шанса да слушнете летово, во нашата емисија се појавија наводни обвинувања за токсична работна средина, а потоа започна и истрага. Дознав дека тука се случуваат некои работи што никогаш не смееше да се случат. Јас го сфаќам тоа многу сериозно и сакам да кажам дека жалам за сите луѓе кои беа повредени“, рече Елен.

Додаде и дека е свесна за својата слава, позиција во општеството и моќта, но дека требало да биде повеќе свесна за тоа што се случувало зад очите на сите.

Instagram

„Знам дека имам привилегирана позиција и моќ, со што ја преземам одговорноста за она што се случува во мојата емисија. Ова е шоуто на Елен Деџенерис, јас сум Елен Деџенерис“, рече водителката и ѕвездата на анимираниот филм „Finding Nemo“.

„Во последните неколку недели многу разговаравме за шоуто, за нашите работни места и што сакаме во иднина. Ги направивме потребните промени и денес започнуваме ново поглавје“, изјави таа.

Исто така ја коментираше и нејзината репутација и реченицата „бидете љубезни едни кон други“ што секогаш им ја кажува на своите гледачи.

Многумина по сѐ што се случи ја нарекоа крајно нељубезна и арогантна личност. Таа во свој стил се пошегува на своја сметка.

„Вистина е дека јас сум личноста што ја гледате на телевизија. Јас сум и многу други работи. Понекогаш се растажувам, се лутам, станувам нетрпелива, но работам на сето тоа. Особено работам на мојата нетрпеливост, а тоа не оди добро, бидејќи не се случува доволно брзо“, се пошегува таа.

Фото: Инстаграм/Профимедиа

 

Елен вели дека и покрај тоа што е прилично добра актерка, како хомосексуалка во некои филмови одлично успеала да глуми хетеросексуална жена, но дека сè уште не е доволно добра актерка за да успее да измами милиони свои гледачи во последните 17 години.

„Ова сум јас и се обидувам да бидам што е можно подобра личност. Ако сум изневерила некој или сум повредила нечии чувства, навистина ми е жал за тоа. Во вакви случаи, се изневерувам и повредувам самата себе“, признава Елен.

Таа го заврши својот монолог со оптимистички тон, заклучувајќи дека се надева дека нејзиното едночасовно шоу ќе продолжи и понатаму да ги забавува луѓето.

„Се надевам дека сè уште можеме да бидеме место на среќа и радост. Си ветив дека ова ќе биде најдобрата сезона што сме ја имале“, изјави водителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот