По 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

Поттикнување на вработувањето на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование, има за цел мерката за младински додадок предвидена во законското решение што вчера на седница го усвои Владата.

-На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование- информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

Младински додаток може да користи младо лице кое е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена дејност, е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.

Со воведувањето на младинскиот додаток, се вели во соопштението, Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите лица во Северна Македонија, вклучувајќи ги и младите лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот