По смртта на Видоје, Никола Пишек наследи две хипотеки од 400 000 евра

Фото: Инстаграм

Адвокатката Сара Папаз изјави за „Курир“ дека по смртта на Видоје Ристовиќ, наследно право имаат вдовицата Николина Пишек и ќерките на починатот Матеа и Уна Софија.

Со оглед на тоа дека покојниот Видоје многу време поминувал во Хрватска со Николина и неговата ќерка, се верувало дека тој поседува имот таму, но и тоа не е точно. Имотот во кој тие тројца живееле неколку години во Загреб е всушност станот на Николина и во него биле до земјотресот, а потоа и до истекувањето на плин во кое за малку ќе загинеа домаќинката и нивната наследничка. После тоа решиле да купат куќа, односно вила, што го направиле пред повеќе од една година.

Николина Пишек се збогува од сопругот: Прости ми, патувај и не се грижи

И вилата на парот е на името на Николина, но е спорна по повеќе основи. Најпрвин не се знае дали е завршено реновирањето на куќата кое трае неколку месеци. Според изворт на „Курир“ наводно работата сè уште трае, а Пишек во последно време престојува во куќа под кирија.

Според соговорникот, покојните Видоје и Николина не ја купиле вилата за готовина во целост, туку подигнале кредити од банка во Австрија. Станува збор за два кредити од по 400 илјади евра или вкупно 800 илјади евра за кои ставиле хипотеки. Имотот вредел вкупно еден и пол милион евра, што значи дека останатите 700 илјади евра ги платиле во кеш. Како сопственичка на куќата, Николина сега треба да ги враќа ратите од кредитот, кои секако се високи, а таа куќа очигледно нема да биде предмет на поделба на имотот бидејќи не била во сопственост на Видоје.

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот