По смртта на Бандиќ, до изборите со Загреб ќе управува заменичката Павичиќ Вукичевиќ

До локалните избори во мај годинава, со Градот Загреб ќе управува Јелена Павичиќ Вукичевиќ (46), заменичка на градоначалникот Милан Бандиќ, кој почина рано утрово од срцев удар.

Ненадејно почина Милан Бандиќ, политичарот кој цели 20 години владееше со Загреб

Партијата на трудот и солидарноста на Бандиќ потврди дека Павичиќ Вукичевиќ, долгогодишен соработник на Бандиќ, една од двете заменички на градоначалникот, ќе го преземе управувањето со Градот Загреб до изборите.

Кога Бандиќ првпат беше избран за градоначалник во 2000 година, Јелена Павичиќ Вукичевиќ беше секретар на градската организација на СДП во Загреб и член на Градското собрание на Загреб. Три години подоцна, таа стана член на Парламентот, во 2008 година секретар на Градскиот секретаријат за образование, култура и спорт и од 2009 до 2013 година првпат заменик-градоначалник.

По вторпат е избрана за заменик градоначалник во 2017 година на непосредни локални избори.

Јелена Павичиќ Вукишевиќ е исто така потпретседател на Партијата за труд и солидарност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот