По скандалот со канибализам: Елизабет Чемберс, поранешната сопруга на Арми Хамер сака само нормален живот

Фото: Профимедиа

Деталите за приватниот љубовен живот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Арми Хамер, со кој има две деца, а кои вклучуваат и канибализам, испливаа во јавноста, а Елизабет Чемберс се труди да остане нормална.

ФОТО | Холивудскиот актер во центар на скандал: Се појавија негови експлицитни пораки за сексуален канибализам

Сè што сака Елизабет Чемберс е да продолжи понатаму и побрзо да заборави на целиот скандал во кој е вклучен и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Арми Хамер, најмногу поради нивните две деца, шестгодишната Харпер и четиригодишниот Форд. Токму со нив Елизабет се пресели на Кајманските острови, далеку од целото медиумско внимание.

– Таа сè уште не размислува за враќање во Лос Анџелес. Животот за неа моментално е на Кајманските острови со децата. Елизабет за сè чита на интернет како и остатокот од светот и се труди да биде смирена. Прави сè семејството да ѝ функционира нормално – откри пријател близок на Елизабет, кој додаде дека и Арми Хамер е на Кајманските острови.

Фото: Профимедиа

Пред да стигне таму, тој своето доаѓање го најави со невкусно видео на својот приватен Инстаграм профил, објавувајќи снимка на која во една сцена на хотелски кревет лежи непозната жена во долба облека, а на која Хамер ѝ се обраќа како „Мис Кајмански острови“.

Таа снимка предизвика голема медиумска бура особено на островите, по што актерот се извини и потврди дека дотичната дама и неговата изјава немаат апсолутно никаква врска со натпреварувањето за убавица.

Фото: EPA-EFE/WARREN TODA

Но, тоа не само што ја привлече јавноста туку внесе немир и во животот на неговата сега веќе поранешна сопруга Елизабет Чемберс, од која се раздели во јули минатата година.

Инаку Арми се најде во центарот на скандал поради своите сексуални фантазии, а кои наводно вклучуваат и канибализам. Тоа го потврди и неговата поранешна девојка Пејџ Лоренцо која тврди дека актерот во периодот од август до декември минатата година, во времето кое го поминале заедно, сакал да најде лекар за да ѝ ги отстрани најдолните две ребра кои сакал да ги чади, свари и изеде, тврдејќи дека на неа всушност не ѝ требаат.

Фото: Профимедиа

Покрај тоа на нејзиното тело ја изрежал првата буква од своето име, за што подоцна им се пофалил на пријателите. Приказната на Пејџ ја потврдила и Кортни Вучековиќ која исто така едно време била во врска со актерот и потврди дека тој сака садизам. По раскинувањето жените морале да побараат професионална помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @armiehammer

Самиот актер ги негираше обвиненијата, а неговата поранешна сопруга сè уште молчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот