По предлог на Заев, Арменд Арслани избран за нов заменик-министер за здравство

Собранието на денешната 120-та седница со 62 гласа „за” и 17 „против” го именува Арменд Арслани за нов заменик-министер за здравство.

Арслани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Тој доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот со земање мито.

Во образложението за назначување на Арслани, премиерот Зоран Заев рече дека е во тек негово професионално и научно усовршување како специјализант по урологија и уролошка хирургија, а од 2018 е член на Управниот одбор на специјализираната болница по Урологија во Струга.

Прочитајте и...  Силјановска Давкова: Се обврзуваме на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик

Заев посочи дека во текот на својата професионална кариера Арслани редовно посетувал специјалистички семинари и учестувал на студиски престои во земјата и странство, со што го усвовршува своето образование.

Тој, како што рече Заев, од неговите работи поврзани со медицината се издвојува работата на преводот на Водичот на Европската асоцијација на уролозите, со што има придонесено во теоретската надоградба на оваа област.

Опозицијата за време на расправата ја обвини власта за лоши политики во здравството, како и за предизборно зголемување на платите на специјалистите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик-министер за здравство, туку нов министер за здравство, бидејќи како што рекоа, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од неговата работа.

Прочитајте и...  Солени казни за нудисти во Италија: Мора да платат по 3.333 евра, зошто носеле само маски

Според нив, највисоките претставници на здравството се зафатени со корупциски скандали и разликата меѓу нив е само во тоа што дали некој бил фатен или ќе биде фатен во примање поткуп.

Прочитај повеќе

На анкетите им се „истопи“ рејтингот во јавноста

Комисијата до Владата ќе достави предлог за задолжителен ПСР тест за граѓани од Србија, Косово, Бих и Црна Гора

Слободен печат

Болсонаро го спореди коронавирусот со дожд: На крајот сите ќе бидеме мокри

Слободен печат

Марковиќ: Кој и да победи на изборите ќе има јака опозиција која редовно ќе и „дише во врат“

Слободен печат

Андоновиќ: Најава за нови протести во Белград – Револт поради новите мерки или обид за уривање на Вучиќ? (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Шкриељ: Единствен излез од сиромаштијата е вработувањето, продолжуваме на патот на социјалната реформа

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

СЗО: Признаваме, се појавуваат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздухот

Слободен печат

Новиот француски министер за внатрешни работи е под истрага за силување

Слободен печат

Директорот на ФБИ: Кина е најголемиот противник на САД

Слободен печат

Исмаил од Левица: За разлика од ВМРО ние не буткаме граѓански туку народен концепт, вработување на лица од посиромашни семејства (ВИДЕО)

Слободен печат

Најмалку девет лица се затрупани во лизгања на земјиште во Хубеи

Слободен печат

СЗО: Известени сме за одлуката на САД

Слободен печат