По отфрлената кандидатура на Трочањи, Унгарија ќе предложи нов европски комесар

Унгарија ќе го предложи дипломатот Оливер Вархелиј за европски комесар, бидејќи Европскиот парламент го блокираше првиот кандидат предложен од страна на премиерот Виктор Орбан.

Како што пренесува Ројтерс, Вархелиј би требало да го замени поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трочањи, чија кандидатура ја отфрли правниот комитет на европскиот парламент поради конфликт на интереси.

Трочањи беше предложен за член на новата Европска комисија на претседателката Урсула Вон дер Лејен, а требаше да го води секторот за проширување.

Меѓутоа, неговата кандидатура е одбиена и тоа нема да се случи.

Трочањи и Плумб „неподобни“ да бидат европски комесари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот