По лошите резултати, Вук Јеремиќ поднесе оставка на местото претседател на Народната партија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Неотповиклива оставка поднесе претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ.

Како што објави на социјалната мрежа Х, одлуката ја донел пред неколку дена, а вечерва им ја соопштил на членовите на Претседателството на Народната партија.

„Со оглед на изборните резултати, ова е единствениот одговорен чекор што го зачувува достоинството на партијата и неопходен предуслов за таа да може повторно да се издигне, останувајќи доследна на својата првобитна политика и принципи“, напиша тој.

Како што изјави, горд е што во изминатите шест години имал чест да води исклучителни луѓе.

„Тие станаа мое семејство и секогаш ќе можат да сметаат на мене“, вели Јеремиќ.

Според него, новиот лидер на Народната партија ќе го изберат членовите на Изборното собрание на партијата, објави Телеграф.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот