По големата загуба, се огласи семејството на Драган Б. Костиќ со емотивна приказна
Семејството на легендарниот радио и ТВ водител и диџеј Драган Б. Костиќ се огласи по големата загуба и откри важна информација.
Препорачано
Синот на Драган Б. Костиќ, Бане Костиќ на Фејсбук ја сподели објавата на фесјбук-страницата „Диско селектор“ во која се вели:
„Драги пријатели и фанови на ‘Диско селектор’. По заминувањето на идејниот творец и заштитно лице Драган Б. Костиќ, радио брендот ‘Диско селектор’ продолжува да живее.
Со длабока почит кон неговата визија, креативност и неизбришлив придонес, ве информираме дека ‘Диско селектор’ останува активен и ќе продолжи да се развива преку своите официјални канали — Фејсбук, Инстаграм, како и преку официјалниот веб-сајт www.diskoselektor.mk.
Континуитетот на брендот и сите идни активности ги презема тимот на продукцијата ‘Диско селектор’, со цврста определба да се зачува автентичниот дух, препознатливата енергија и вредностите кои Драган Б. Костиќ ги вгради во овој проект. Оваа мисија останува наша трајна обврска и одговорност.
Воедно, ќе биде продолжена досегашната соработка со сите партнери, соработници и субјекти кои беа и остануваат дел од приказната на ‘Диско селектор’. Стабилноста, меѓусебната доверба и професионалниот континуитет се темелите врз кои ќе се гради следната фаза од развојот на брендот.
Во периодот што следува ќе продолжи објавувањето на веќе реализираните серијали и изданија, како и нивното понатамошно продолжување и надградување. Посебен фокус ќе биде ставен на третото издание од серијалот ‘Заборави ако можеш’, посветено на Британската топ 40 хитовите од 1995 година, кое се наоѓа во финална фаза пред објавување.
Ви благодариме за поддршката, довербата и почитта што континуирано ја давате. Приказната продолжува, во негова чест, со иста страст и уште поголема одговорност“, стои во објавата.
Пред три недели, во Младинскиот културен центар (МКЦ) се одржа комеморација во чест на легендата на македонското радиоводителство и музички новинар.
Со лични и искрени говори се обратија негови блиски пријатели и соработници Бане Бранислав Димитриевиќ, негов пријател од детството со кој ги делел првите диџејски моменти во диското „Турист“, Петар Георгиевски – Камиказа, вокалист на бендот „Меморија“ и долгогодишен соработник, нашиот познат македонски пејач и драг пријател Дарио Панковски, Ласко Ѓуровски, уметник и карикатурист, како и познатиот скопски диџеј Зоки Бејбе.
Митови и факти ЕП 17 | Драган Б. Костиќ: Југославија беше трета музичка сила во Европа


