По елиминацијата од ЛШ, Скот Паркер повеќе не е тренер на Клуб Бриж

фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Официјално, како што соопштија од белгискиот фудбалски клуб, Скот Паркер ја напушти клупата на Клуб Бриж.

Паркер (42) пред само два месеци беше назначен за нов тренер на екипата кога го наследи Карл Хофкенс. Во 12 натпревари запиша само две победи со Клуб Бриж.

Клуб Бриж во осминафиналето од Лигата на шампионите со вкупен резултат 7:1 беше елиминиран од португалската Бенфика.

Англискиот стратег ја започнаа оваа сезона како менаџер на Бурнмаут, но доби отказ поради лошите резултати.

Клуб Бриж лани ја освои титулата во најсилната белгиска лига, а моментно е на четвртото место со 46 бодови, дури 21 помалку од водечкиот Генк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот