По две децении брак: Анета и Џими од „Молика“ се разведуваат

Анета и Џими Мицевски / Фото: Фејсбук/Џими Мицевски

Пејачката на народна музика Анета Мицевска, која е позната како вокал на групата „Молика“, се разведува од сопругот Џими Мицевски по две децении брак.

Како што објави „Свет Аустралија“, нивната разделба е спогодбена. Иако се разделуваат, тие ќе продолжат да соработуваат професионално.

Двојката ја има ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, кој од претходниот брак има син.

„Молика“ е музичка група формирана во 1995 година, во Битола. Низ годините, тие имаат објавено осум студиски албуми и имаат одржано голем број концерти низ светот, каде што живеат нашинци.

Групата ја сочинуваат Анета Мицевска (вокал), Јовица Наумчевски (вокал), Џими Мицевски (клавијатура), Зизо Пуровски (хармоника и клавијатура), Рубин Размовски (кларинет/сах) и Александар Талевски (тапани).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот