Фото: mia.mk

По два месеца Крешник Бектеши пуштен во домашен притвор

По два месеца во затворски притвор, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е пуштен во куќен притвор откако јавното обвинителство му предложи на кочанскиот суд поблаги мерки за него и за поранешниот државен секретар Размена Чекиќ Дуриќ.

Неговиот адвокат Еленко Миланов вели дека Бектеши бил пуштен дома уште вчера по одлука на кочанскиот суд. Како што објаснува Миланов, со оглед на тоа што се работи за предлог за поблага мерка на обвинителството, судот одлучува истиот ден и нема можност за одложување на спроведувањето на мерката.

Обвинителството вчера соопшти дека тимот обвинители постапува во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ и ги привршува дејствијата на распити на сведоци-очевидци на настанот.

-Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди – велат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот