амбер херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS /

По долго време Амбер Херд проговори за судењето со Деп: „Она што ми се случи е засилена верзија на она што многу жени го доживуваат“

Актерката Амбер Херд повторно се појави во јавноста по долг период, откако се повлече од медиумите и се пресели во Шпанија. Таа за прв пат отворено зборуваше за судењето со Џони Деп, кое заврши во корист на актерот. Причина за нејзиното враќање беше Санденс филмскиот фестивал, каде го претстави документарниот филм „Silenced“ во кој учествува, пренесува „Варајети“.

Амбер се повлече од јавноста по судењето кое привлече светско внимание, а сега присуствуваше на фестивалот за да го промовира проектот кој се занимава со жените погодени од #MeToo, оние кои биле замолчувани или не се осмелиле да проговорат јавно.

Филмот е режиран од Селина Мајлс и меѓународната адвокатка за човекови права Џенифер Робинсон, која била адвокатка на Херд, а самиот документарец делумно се потпира на искуствата од нејзиното судење.

Главна тема на „Silenced“ се тужбите за клевета кои ги поднесуваат наводните насилници против жените кои јавно ги обвинуваат, а токму тоа се случи и во случајот на Амбер Херд.

Говорејќи за „Верајети“, актерката истакна дека не сака да се враќа на личното искуство:

„Не станува збор за мене. Го изгубив гласот. Не сум тука да ја раскажам мојата приказна. Не сакам да ја раскажам. Всушност, повеќе не сакам да го користам својот глас. Тоа е проблем“, рече таа на почетокот.

џони деп
Поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп / Фото: EPA-EFE

Адвокатката Џенифер Робинсон го нагласи поширокиот контекст на ваквите случаи:

„Во светот по #MeToo видовме жени како ја кршат културната тишина и јавно осудуваат насилство базирано на пол. Следното што го видовме е дека нивниот наводен насилник поднесува тужба за клевета велејќи: ‘Ова не е вистина, тоа е клевета и ќе ве тужам за пари’. Може да ве тужи, само што мора да докажете на суд. Но тоа е многу скапо и ги уништува повеќето жени. Прашањето што го поставувам во овој филм е: ‘Што значи слобода на говор ако не можеш да си дозволиш да ја браниш?’ “, објасни Робинсон.

Херд нагласи дека нејзиниот случај имал пошироки импликации:

„Исходот на тоа судење зависеше од моето учество, а јас зависев од исходот. Кога ја запознав Робинсон, веднаш почувствував дека ја разбира пошироката слика. Она што ми се случи е засилена верзија на она што многу жени го доживуваат“, изјави Херд.

Актерката моментално живее во Мадрид со своите три деца. Говорејќи за сегашниот период од животот, заклучи дека ѝ дава сила тоа што гледа други луѓе како се борат.

ФОТО | Три години по скандалозното судење со Џони Деп и две години од последниот филм, Амбер Херд се враќа на актерството

Сепак не ја отпуштија: Амбер Херд се враќа во продолжението на „Aquaman“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот