По долгата и тешка битка со болеста, почина Исидора Бјелица!

Познатата писателка Исидора Бјелица почина денеска. Исидора (52) почина во станот на нејзините родители во Нов Белград.

Исидора е родена на 10 декември во 1967 година во Сараево. Таа во 1986 година ја објави својата прва книга со наслов “Први разбудени” за која ја доби наградата Книжевност за младите на Југославија, а после тоа бестселерите се нижеа.

Бјелица беше венчана за 14 години постариот професор по драматургија и филмско сценарио Небојша Пајкиќ и заедно го имаат синот Лав и ќерката Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот