По долга неизвесност, и Вардар почна со тренинзите

Фото: fkvardar.mk

Конечно по долга неизвесност, денеска Вардар ги започна подготовките на четири дена пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

„Црвено-црните“ се подготвуваат за вечното дерби в недела (14 февруари) против битолски Пелистер во рамките од Првата лига.

Тренираат на Академијата на клубот во Градски парк, во составот микс на искусни фудбалери, но и млади надежи.

Потсетување дека верната навивачка група на најтрофејниот клуб „Комити“ се обедини за спас на Вардар.  Тие денеска исто така присуствуваа покрај теренот и ја даваа неопходната поддршка..

Во изминатиот период после заминувањето на досегашниот кормилар на клупата, Александар Васоски, играчите на Вардар добија нов тренер, Никола Илиевски – Џиџи.

Моментно на табелата во шампионатот Вардарци се на петтата позиција со 25 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот