Вардар започнува со подготовките, Никола Илиевски-Џиџи ќе ги предводи „црвено-црните“

фото. ФК Работнички

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар конечно ќе ги започне подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната кој е закажан за наредниот викенд.

Големите финансиски проблеми како и неисполнетото ветување на поранешниот претседател Сергеј Самсоненко, дека до 1. февруари ќе ги подмири долговите, се главна причина за доцниот старт на подготовките во пресрет на вториот дел од сезоната.

Сепак, во последен момент, Вардар доби дел од средствата кои претходно им беа ветени и фудбалерите ќе ги стартуваат подготовките.
Екипата во пролетниот дел ќе ја предводи поранешниот македонски селектор Никола Илиевски Џиџи, а дел од стручниот штаб ќе бидат поранешните капитени на „црвено-црните“, Бобан Грнчаров, Никола Глигоров и Златко Таневски, додека поради заминувањето на поголем дел од играчите, ростерот ќе биде пополнет со играчи од младинскиот тим.

Своја акција за спас на Вардар имаат и навивачите, „Комитите“ кои организираат продажба на билети и досега се продадени нешто повеќе од 10.000 билети по цена од 100 денари. Акцијата на „Комитите“ ќе трае се до 14. февруари и дуелот од првото пролетно коло против Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот