Продадени над 10.000 билети во акцијата „Купи билет за спас на ФК Вардар“!

Фото: facebook.com/KomitiZapad87

Како што информира верната навивачка група на фудбалскиот клуб Вардар, „Комити“, акцијата за спас на клубот ја надмина бројката од 10.000 купени билети.

Тие се близу до бројката од 15.000, а се надеваат дека до крајот на идната недела ќе има еден наслов кој го сонуваат.

Не се осмелуваат уште од сега да го кажат, но возбудата е голема и од самата помисла.

Можете да купите билет онлајн преку МКТикетс во акцијата „Билет за спас на Вардар“.

Секојдневно се вклучуваат поранешни имиња кои се дел од историјата на клубот, како Вујовиќ, Прибак, Бајевски, Абутовиќ и други.

„Комити“ со голема најава: Билет за спас на ФК Вардар!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот