По бронзата во Париз промени во српската кошарка: Оставка поднесе претседателот Даниловиќ

Фото: КСС

По освојувањето на бронзениот медал на Олимписките игри во Париз ќе има промена во врвот на српската кошарка.

Имено, на денешната седница на Управниот одбор на Кошаркарскиот сојуз на Србија оставка поднел досегашниот претседател Предраг Даниловиќ.

„Денеска во куќата на кошарката на 62. Седница на Управниот одбор, претседателот на Српскиот кошаркарски сојуз, Предраг Даниловиќ одлучи да си поднесе оставка“, потврдија со сооспштение од КСС.

Оставката на Даниловиќ стапува на сила од 1 октомври 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот