23 C
Скопје

По бојкотот, во недела протест доколку МОН не одговори на барањата на родителите

Бојкотот на наставата организиран од групата на родители кои се против дигитализацијата на наставата продолжува и денеска. 

– Бојкотот си тече, исто како и во четвортокот. Забележителен е притисокот на децата и родителите од страна на наставниците – вели воспитувачката Драгана Спасевска за „Слободен печат“, која стои зад групата на родители организирани преку Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“. 

Бојкотот продолжува откако најпрво беше организиран во четвртокот, а Спасевска вели, доколку од МОН не одговорат на барањата на родителите, ќе следува протест. 

– Ќе ја чекаме прво министерката Мила Царовска да не побара. Пет дена од барањето изминуваат во четврток. Ако не се одговори на нашите барања , во недела ќе имаме мирен протест – додава Спасевска. 

Минатата недела пак, родителите на прес-конференција пред МОН ги искажаа своите барања кои вклучуваат стопирање на постапката за законот за дигитализација на учебниците, јавна дебата за законот со учество на стручни лица, како и родителите конечно да бидат вклучени во водењето на образовните политики.

Родителите најавија бојкот на наставата од утре

Поврзани вести

Спасовски и директорот на БЈБ им одадоа почит на осумтемина загинати полицајци во „Диво Насеље”

Слободен печат

Во земјите на ЕУ ќе се влегува со било која примена вакцина

Слободен печат

Ин мемориам: Почина д-р Лазар Шуманов, претседател на Националниот комитет на ИКОМОС

Слободен печат

Блуши: Секој кандидат добил мандат со изборен криминал не заслужува да седне во Парламентот

МИА Агенција

Сасоли на почетокот на Конференцијата за иднината на Европа: Не смееме да имаме табуа

МИА Агенција

Макрон сака Европа која „одлучува побрзо и посилно”

МИА Агенција

Остави Коментар