По 29 години, Албанија ја напушта листата на земји под надзор на ЕК

Влада на Р. Албанија / Фото: Принтскрин / Јутјуб

По 29 години Албанија ја напушти листата на земји под надзор на Советот на Европа. Одлуката беше донесена вчера, 17 април, едногласно во Парламентарното собрание.

Министерот за надворешни работи Игли Хасани преку објава на социјалните мрежи реагираше, оценувајќи ја веста како потврда за признавањето на „трансформативните реформи“ во судството и борбата против корупцијата во Албанија.

Хасани посочува дека Албанија „непоколебливо“ ќе продолжи со посветеноста на стандардите на Советот на Европа.

„Посветеноста на Албанија кон стандардите на Советот на Европа е непоколеблива и нашите континуирани напори конечно ги даваат долгоочекуваните резултати“, рече Хасани.

Советот на Европа го оцени напредокот на Албанија во текот на овие години, со главна реформа во судството. Извештајот го оценува и третманот на малцинствата и ранливите групи во земјата, но не го изостави напредокот во демократијата, пишува Коссев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот