По 12 години во НБА лигата Фурние се враќа во европската кошарка?
Eден од најпознатите француски кошаркари, Еван Фурние по 12 години во кои беше дел од НБА лигата би можел да се врати во европската кошарка.
Грчките медиуми пренесуваат дека Французинот е блиску до договор со Олимпијакос каде што би пристигнал како сериозно засилување.
Во последните две сезони, Фурние одигра 59 натпревари во НБА и оствари просек од 6.5 поени, 1.8 скокови и 1.4 асистенции по натпревар. Одличен беше Фурние на Олимписките игри во Париз каде што дојде до просек 9.8 поени, 1.7 скокови и 2.2 асистенции со што и помогна на Франција да го освои сребрениот медал.
Медиумите потсетуваат и на објава на Фруние на социјалните мрежи од пред две години во која истакнува дека Олимпијакос е единствен каде што би се вратил во Европа.
„Ако некогаш се вратам да играм во Европа, ќе играме онаму каде што сакам, а мислам дека тоа ќе биде Олимпијакос. И понатаму тоа е пеколен клуб“, објави пред две години Фурние.
Si un jour je devais retourner en Europe et que j’avais le choix daller ou je veux, je pense que j’irais a l’Olympiacos. Cest quand meme un sacré club #F4GLORY
— Evan Fournier (@EvanFourmizz) May 21, 2022