Даниела Лазарова Иротова

Платежната агенција доби нова директорка на местото на обвинетиот Стоилев

Даниела Лазарова Иротова е нова директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, а на функцијата директор е назначена минатата недела, на последната владина седница.

-На последната Владина седница минатата недела е назначен нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на должност и ќе ги движи процесите во нормален тек за да не се појави паника или загриженост кај земјоделците, туку ќе продолжиме со тековно работење на Агенцијата, изјави вчера Трипуновски по посетата на Тутунскиот комбинат – Прилеп.

Како што истакна Трипуновски, средствата од ИПАРД 3 не се стопирани од Брисел, туку од нашите институции, за дополнително да се провери што се случувало во Платежната агенција.

-Проверките ги прави посебното тело во состав на Министерството за финансии. Колку ќе трае контролата не можам да кажам, но за многу скоро ќе се излезе со официјален податок. Повторувам, кога ние ја носиме одлуката за стопирање, ние ја носиме и одлуката за деблокирање на самиот процес, потенцира Трипуновски.

ИПАРД 3 програмата е проектирана на 128 милиони евра и треба да трае од 2021 до 2027 година. Лазарова Иротова, пак, доаѓа на местото на Илија Стоилев кој беше приведен поради земање мито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот