Планинар од Кенија пронајден мртов на Еверест

Еверест / Фото EPA-EFE/Jose Jacome

Планинарот од Кенија кој исчезна во близина на врвот на Монт Еверест е пронајден мртов. Четириесетгодишниот Џошуа Черујот Кируи и неговиот непалски водич Наванг Шерпа (44) исчезнале вчера додека се обидувале да се искачат на Еверест. Спасувачите сè уште трагаат по водичот, изјави локален претставник за АФП. Искачувањето на Еверест, највисокиот врв на светот, се смета за исклучително тешко и ризично, дури и за искусни алпинисти.

Непалскиот Хималајан Тајмс објави дека Шерпа испратил порака до базниот логор велејќи дека Кируи почнал да се однесува чудно и одбивал да се врати назад или да вдишува кислород во шишиња. Набргу по таа порака, базниот камп изгубил контакт со планинарот и водичот. Кируи за Би-Би-Си минатата недела изјави дека поминал напорна физичка обука и планира да се спушти од Еверест во среда.

„Се качував локално во Кенија, многу скали, вежбав во теретана и трчав“, рече тој.

Во својата последна објава на Инстаграм, тој изјави дека мисли дека може да го освои Еверест без употреба на дополнителен кислород. Ова е четврти смртен случај на Еверест оваа недела. Во вторникот беа пронајдени телата на романски и британски планинар и нивниот водич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот