Пјаниќ сонуваше да игра за Реал, ќе го носи дресот на Барса!

twitter.com/MtRoyalSoccer

Наскоро треба да се официјализира најавената размена на играчи помеѓу Барселона и Јувентус.

Според италијанскиот новинар Ромео Агрести, кој воглавно следи што е најново во Јуве, објави дека Миралем Пјаниќ стигна на лекарски прегледи во медицинскиот центар во кој според истиот протокол прегледи ќе направи и Артур, кој пристигна доцна синоќа од Барселона во Торино.

Артур и Пјаниќ ќе ги променат улогите откако ќе ги направат прегледите, па само формалности ги делат двајцата играчи од досега највозбудливата трансфер приказна ова лето.

Босанецот моментно се наоѓа на лекарски прегледи и наскоро треба да биде нов играч во екипата од „Камп Ноу“.

Ова ќе биде уште еден голем чекор во неговата кариера, а пред неколку години додека уште беше член на Рома имаше изјава која не им се допадна на фановите на каталонскиот гигант:

Доколку ме прашате, кој е мојот најомилен клуб, ќе ви кажам дека тоа е Реал Мадрид. Кој е мојот најомилен играч, тоа е Зинедин Зидан (тренерот на „кралскиот клуб“). Тоа е клубот кој го сакам уште како дете и сонувам да играм за таа екипа – беа тогаш зборовите на Пјаниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот