„Пивтијада 2024“ традиционално за Водици во Автокоманда

Фото: Општина Гази Баба

Во рамките на прославата на големиот христијански празник Богојавление – Водици, в петок, со почеток во 13 часот, на плоштадот во Автокоманда ќе се одржи традиционалната манифестација „Пивтијада 2024“.

Манифестацијата има културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер. Во рамки на културниот дел на манифестацијата ќе настапат естрадните уметници Јордан Митев, Бојана Скендеровски, Огнен Здравковски и Даниела Темелковска. Во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија – вели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски

Според Стефковски, комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии кои ќе бидат наградени.

Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот