Питер Џексон признава: Би сакал да го заборавам „Господарот на прстените“, размислувам за хипноза

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Режисерот Питер Џексон во интервјуто што неодамна го даде за „Холивуд репортер“ призна дека размислувал да оди на хипноза. Целта на хипнотизерот би била да го натера да заборави на „Господарот на прстените“ за да може да ги гледа тие филмови како обичен гледач.

„Кога ги снимавме филмовите за Господарот на прстените, секогаш се чувствував како еден несреќникот што не можеше да го гледа филмот кога првпат ќе се прикажува во кино салите“, објасни оскаровецот.

„Фактот што не можев ги гледам филмовите како сите останати беше огромна загуба за мене. Сериозно размислував да одам на хипнотерапија за да ме хипнотизираат за да можам да ги заборавам филмовите кои ги снимав последните шест или седум години, за да можам да уживам во тие филмови како обичен гледач“, истакнал познатиот режисер, посочувајќи дека контактирал и со познатиот британски „менталист и илузионист“ Дарен Браун.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот