ПИСМО: Ако нема акции, кредитната ќе се искористи за прочистувач на воздух кој чини цел бубрег за нашиот кумановски стандард

Фото: Принтскрин
Дрвја, Фото: Фејсбук

Веднаш по објавувањето на веста за сечата на двете липи вчера во Куманово, со цел да се направи простор за автобуска станица, до нашата редакција стигна писмо од читател од Куманово.

Браво за Димитриевски и за неговото револуционерно пошумување. Се наоѓаме на прагот на уште една грејна сезона во Куманово. Истата уште сега почнува да го влошува квалитетот на воздухот – ова може да се забележи по жолтите индикатори на апликацијата Мој воздух – кои изминативе две недели од зелени стануваат жолти и за скоро, не сомнежно, ќе бидат црвени.
Одлуката да се исече едно од најголемите дрвја во строгиот центар на Куманово, со цел да се направи проширување на веќе постоечка постојка за градски превоз, нема никаква логична смисла. Полесна и поеколошки свесна одлука би била истата таа постојка да се помести подолу и да се спои со градскиот плоштад, при што не би се жртвувало зеленилото.
Донесената одлука е крајно неодговорна, спонтана, и недоволно испланирана од Димитриевски и неговиот кабинет. Одговорот дека се воспоставуваат мерки против аерозагадувањето ќе се докажат и оваа зима дека се лага од страна на Димитриевски. Одговорот дека учениците го пошумуваат градот е шега со оглед на тоа што дрвјата што се садат немаат толкава моќ да прочистат секојдневно растечки метежи и можности за поголем сообраќај – што вчерашната одлука за проширување на улицата едноставно го всилува овој процес на загадување. Се надевам зимава ќе биде подобро и дека градоначалникот ќе преземе акции уште пред да почнат проблемите, инаку кредитната ќе се искористи за прочистувач на воздух кој чини цел бубрег за нашиот кумановски стандард. Младите доколку се умни и реагираат уште сега со протести пред општината може ќе не спасат од уште една загадена зима, да се инспирираме по примерот на „Fridays for future“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот