Пирс Броснан и упати јавна љубовна порака на сопругата: Во мојот живот ти донесе радост и среќа
Пирс Броснан, славниот ирско-американски актер, најпознат по улогата Џејмс Бонд во четири филма од серијалот, објави љубовна порака на Инстаграм упатена до неговата сопруга Кили Шеј Смит по повод годишнината од нивниот брак.
Препорачано
„Пред дваесет и осум години, на четвртиот ден од осмиот месец, се запознавме во Кабо Сан Лукас, Мексико. А се венчавме во замокот Ашфорд во Ирска три години подоцна, на осмиот ден од четвртиот месец. 4884. Моја вечна љубов, во мојот живот ти донесе радост и среќа. Ти си светлината на мојот живот“, напиша славниот актер покрај фотографија од венчавката.
View this post on Instagram
Не ми е потребен супермодел
Инаку, Пирс Броснан и Кели Шеј Смит се во брак од 2001 година, а имаат и два сина, Парис и Дилан. Актерот со години се соочуваше со нападите кон неговата сопруга, која често беше критикувана затоа што се здебелила, не пропуштајќи да нагласат дека тој заслужува многу позгодна жена.
„Ја обожувам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. А и затоа што е мајка на моите деца. Горд сум на неа и секогаш настојувам да бидам достоен за нејзината љубов“, одговори Броснан во една прилика.


