Пикси пред нов ангажман – може да работи на егзотична дестинација
Поранешниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси наскоро би можел да добие нов ангажман и тоа на егзотична дестинација.
Препорачано
Според последните информации, Пикси е прв кандидат да го преземе кормилото на тунискиот гигант Есперанс. Тој на клупата би требало да го наследи Махер Канзари, кој на функцијата шеф на стручниот штаб беше поставен во март минатата година. Неговите избраници по 18 одиграни првенствени натпревари ја држат втората позиција на табелата, со еден натпревар и еден бод помалку од лидерот Клуб Африка. Тимот од престолнината е двоен последователен шампион, а по четири кола се наоѓа на второто место во групата „Д“ од Африканската Лига на шампиони.
Сепак, постои одреден проблем кога станува збор за тренерска рокада, сезоната е во полн ек, а Есперанс очигледно го очекува жестока битка за шампионската титула. Можно е клупските челници да не сакаат да ја нарушат стабилноста на екипата со смена на стратегот, но доколку се одлучат на таков чекор, Пикси е подготвен и чека шанса.
Некогашниот прославен фудбалер на чело на „орлите“ помина повеќе од четири и пол години, остварувајќи пласман на Светското првенство во 2022 и Европското првенство во 2024 година.


