Пике едвај дочека да го истрола Реал Мадрид на социјалните мрежи

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерот на Барселона одлучи да се пресмета со ТВ емисијата која не сака да ги објави контроверзните аудио записи на кои Перез ги “гази“ легендите на Реал Мадрид.

Откако во медиумите се појави и седмиот сет на аудио снимки во кои Флорентино Перез плука по поранешните фудбалери на Реал Мадрид, дефанзивецот на Барселона Жерар Пике одлучи да се пресмета со ТВ емисијата „Ел Чирингито“ која не сака да ги коментира испадите на претседателот на „кралевите“.

Оваа недела главна тема во шпанската спортска јавност се контроверзните изјави на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез од кои најстарите датираат од 2006 година, но емисијата „Ел Чирингито“ избегнува да ја коментира оваа тема.
Поради тоа, Пике го коментираше твитот на емисијата во која издвоија изјави на претседателот Жоан Лапорта во врска со продолжување на договорот на Лионел Меси.

Пике под твитот напиша: А, аудио записите кога ќе ги објавите?, и предизвика голем прој реакции на Твитер.

Пике не застана тука, го коментираше и твитот во кој „Ел Чирингито“ објави дека поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо со победа дебитира на клупата на Рома. На првот контролен наптревар Рома победи со убедливи 10:0, а Пикен апиша:
Рома победи со 10:0, но вие немате аудио записи. Другари, НЕ“.

Потоа дефанзивецот на Барселона се јави уште еднаш. На твитот на „Ел Чирингито“ во кое побараа мислење од своите гледачи на одредена тема, Пике кратко напиша:
„Аудио записи“.

Последниот твит во кој Пике бара од „Ел Чирингито“ да ги коментира аудио снимките на Перез, беше откако новинарот на ТВ емисијата Хуанма Родригез зема метален сад за да собира пари за Барселона кои и се потребни за да го продолжи договорот со Меси.
„Имате пари, но немате аудио записи“, напиша Пике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот