Петровска ѝ одговори на Морачанин: ДОМ е губитник на изборите

Ана Петровска и Маја Морачанин/ Колаж на СП

ДОМ и ЛДП преку својот кандидат за градоначалник на Скопје освоиja 8911 гласа, додека кандидатката на активистичката коалиција Зелен хуман град освои 9954, или 1043 гласа повеќе. Две партии со децениско присуство на политичката сцена што потрошија стотици илјади евра на билборди, промотивни видеа и печатен материјал, освоија помалку гласови од независен кандидат поддржан од граѓанска иницијатива, која немаше пристап до државни финансии и која се формираше неодамна и активно делува последните 2 месеци, реагираше Ана Петровска откако нејзината поранешна сопартијка Маја Морачанин ја обвини дека дека на изборите сакала да ја дискредитира ДОМ, но неуспешно.

-Маја Морачанин креира сопствена слика за реалноста и ги манипулира статистиките за изборите за да остане лидер на партија во изумирање. Собира гласови за советници и градоначалници, за да си ја зголеми “цената” за пазарење со коалициските партнери. Кандидираше кадри од двете големи партии (Шуто Оризари, Радовиш, Кисела Вода), бидејќи нема сопствено членство. Нејзиниот Генерален секретар, Потпретседател и Претседател на младинската организација (која не функционира веќе подолго време) доживеаја фијаско во Ѓорче Петров и Карпош. Од 21 советник од претходните избори ДОМ спадна само на 5., истакнува Петровска.

Како што вели таа, Маја Морачанин со своето недемократско и нестатутарно “лидерство” ја претворила ДОМ во партија без идеологија и без поддржувачи.

-Профитерството и политиканството што ги застапува се единствени нејзини “вредности” и заради тоа оваа партија под нејзино раководство нема иднина, дополнува Петровска.

 

Видео на денот