Петров: Воениот конфликт од 2001 е симулирана војна на САД, Вејсели: Со Рамковниот договор победници се граѓаните на државата

Поминаа 19 години од потпишување на Рамковниот договор, колку изгубија Македонците , а колку добија Албанците сиот овој период?

На оваа тема во „Само вистина“ дебатираа претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и поранешен пратеник Абдулади Вејсели.

-Можам слободно да кажам дека победници се обете страни, граѓаните на државата. Со тоа што со тој Рамковен договор придонесовме да се создаде едно општество каде сите ќе бидат рамноправни. Но, дека не се случи тоа да биде завршено во неговото времетраење, пак се направи нешто за сите граѓани на земјава. Ние воопшто не бевме задоволни и како учесници во креирањето на договорот, но понатака се создадоа условите за сите граѓани да се чувствуваат дека се дел од оваа држава, рамноправни во сите сфери на животот. Се случија промени кои не беа прифатени од сите политички партии кои го потпишаа Рамковниот договор, но тоа беа незадоволствата во делот на преамбулата дека во Охрид се договориме Македонија да биде држава на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска припадност. Во Скопје тоа се промени бидејќи се појави една група на критичари кои не прифаќаат дека Макеоднија е на сите граѓани. Меѓутоа во нормативниот дел мнозинството од тоа е веќе завршено. Од Рамковниот имаме 19 години.Мислам дека поголемиот дел е реализиран. Има разни правни дилеми и размислувања. Едно да сфатиме сите, како прво, се вика рамка бидејќи таа се дополнува, не во корист на едниот и во пораз на другиот. Мислам дека животот создава нови проблеми, кои бараат нови решија, а тоа е со заемна почит едни кон други, рече Вејсели.

Петров смета дека е неопходно внатрешните работни на една земја да се решаваат преку директна комуникација и без мешање на странски фактор.

-После војната во 2001 година ќе повторам нешто, а тоа е дека тоа не беше војна меѓу Македонци и Албанци, ниту православни и муслимани, туку симулирана војна на САД за нивни глобални интереси на овие простори. Македонија става предворје на Калето и сведоци сме дека во последните 30 години странските амбасади грубо се мешаат во политиките на Македонија. Во други држави би следела депортација заради мешање во внатрешни работи на државите каде се акредитирани. Секогаш кога се инволвираат странци нудат решение кое тука не може да се импелементира и создаваат тензии. Најголеми губитници после бомбардирањето на Србија се Македонија и Косово. Сега ние бележиме колку умираат од Ковид, а до вчера имавме епидемија поради умрени од канцер, зрачење кое го имаме после бомбардирањето, рече Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот