Дојава за бомба во ОУ Лирија во Тетово во 2022 / Фото: Слободен печат / Зоран Димовски / илустрација

Петмина се уапсени за дојавите за бомби во тетовските училишта, од нив четворица немаат ни 18 години

Тројца малолетни жители на Тетово и околината денеска се уапсени под сомнение дека биле вмешани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово.

Претходно беа уапсени уште двајца осомничени, од кои едниот е малолетен, потсетува МВР:

„Против сите пет лица кои се вмешани ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик. МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем“, велат од тетовската полиција.

„СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор. Ќе се иницираат педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа“, додаваат од полицијата.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот