Петков прави чистка: Полн авион со руски дипломати од Софија ќе се вратат во Москва

Кирил Петков на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков денеска соопшти дека нивните специјални служби идентификувале како 70 дипломати дека биле поврзани со руските служби, а работеле против интересите на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им честитал на бугарските служби и на Министерството за надворешни работи што си ја завршиле работата.

Сите биле дипломати, но правеле необични активности, изјави бугарскиот премиер.

-Ова не е агресија врз рускиот народ. Секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во земјата од која е дојден, изјави премиерот Петков.

„Многу од овие луѓе работеа директно за странски служби и нивната дипломатска улога биле прикриена”, додаде тој.

Во недела, рече Петков,  очекува полн авион со 70 дипломати да се врати во Москва.

Според него, кога странските влади ќе се обидат да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, Софија јасно ќе се спротивстави на тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот