ФОТО | Петар Грашо и Хана Хуљиќ направија крштевка за ќерката со 200 гости

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пред седум месеци хрватската музичко-брачна двојка Хана Хуљиќ и Петар Грашо станаа родители. Парот по две години забавување ја добија ќерката Алба. Пејачот претходно беше во 24-годишна врска со пејачката Данијела Мартиновиќ.

Парот пред една година го кажаа судбоносното „да“ во сплитската црква Св. Доминик – каде се заколнаа на вечна љубов пред членовите од најблиското семејство, како и кумовите. Иако свадбата беше планирана во тајност, сепак се појавија бројни фотографии и видеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)

Петар и Хана вчера ја прославија првата годишнина од бракот, а направија и забава по повод крштевката на нивната ќерка Алба. Крштевката се случила два дена порано, на 17 февруари во Сплит и тоа било посебен момент резервиран само за нив и за нивните семејства.

Сепак, вистинска прослава се случила вчера со поголем број на гости (околу двестотини) во поранешниот ресторан на семејството Грашо, Адриатик. На истото место Хана и Петар ја направија и нивната свадбена прослава.

Главното внимание секако го привлекла Хана која влегла во ресторанот со бебенцето во рака и во друштво на нејзината мајка Вјекослава. Госпоѓа Грашо за оваа прилика одбра лелеав фустан со должина до под колениците, додека Вјекослава блеснала во син фустан со макси должина и нагласено деколте.

ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот