Пет симптоми што укажуваат на рак на грлото на матката: Реагирајте навреме и спасете си го животот!

Фото: Профимедиа

Ракот на грлото на матката е вториот најчест тумор што ги погодува жените, а со редовни прегледи може да се спречи. Ова се раните симптоми што укажуваат на оваа опасна болест… Доколку се открие во рана фаза , големи се шансите пациентката да преживее , па затоа е важно да се открие што порано.

Британското здружение Jo’s Cervical Cancer Trust, кое работи на превенција на рак на грлото на матката објави листа на симптоми , кои упатуваат на оваа болест.

Крвавење

Најчестиот и најран симптом на рак на грлото на матката е невообичаеното крвавење, за време или по сексот, помеѓу менструалните циклуси или откако веќе сте влегле во менопауза. Ова се случува кога клетките на ракот почнуваат да растат на ткивото на грлото од матката. Особено е опасно ако се појави откако жената влегла во менопауза. Нема возрасна граница за заболување од овој вид рак.

Необичен вагинален исцедок

Секоја жена поинаков исцедок, па затоа многу е важно да забележите ако почне да се разликува во бојата, мирисот или густината. Ако се промени, веднаш јавете му се на вашиот гинеколог. Кога клетките на ракот ќе останат без кислород, тоа може да предизвика инфекција која, пак, предизвикува необичен мирис на вагиналниот исцедок.

Непријатност или болка за време на сексот

Болката за време на сексот може да укажува на различни проблем, а еден од нив е и ракот на грло на матка. Со оглед на тоа што оваа болест, често се јавува без симптоми, болката за време на сексуалната однос може да биде клучен знак за нејзино откривање. Ова може да значи дека ракот почнал да се шири во околното ткиво.

Болка во долниот дел од грбот

Ако ве заболи грбот, не мора да значи дека имате рак, но тоа може да е еден од знаците дека нешто не е во ред со вашите репродуктивни органи. Ако често ве мачи болка во долниот дел од грбот, одете на гинеколог.

Непланирано губење килограми

Слабеењето без вложување труд можеби звучи супер, но не е. Ако сте изгубиле апетит и сте почнале да губите килограми, тоа е знак дека вашето тело не функционира како што треба. Ако забележите дека јадете помалку од вообичаено и брзо губите килограми, задолжително побарајте лекарска помош.

Кога болеста ќе напредува, можеби ќе забележите симптоми како што се: зачестена потреба за уринирање, крв во урината, крвавење од анусот, дијареја, отекување на ногата.

Ако забележите кој било од овие симптоми, не чекајте и побарајте лекарска помош, дури и ако неодамна се направиле ПАП-тест. Исто така, важно е да се нагласи дека овој вид рак често се појавува без никакви симптоми, па затоа многу е важно редовно да се тестирате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот