Чивави / Фото: Pexels

Пет раси кучиња кои тешко ја поднесуваат зимата: Имаат слабо крзно и мора да носат дополнителна облека

Иако зимата календарски сè уште не пристигнала, деновите се исклучително студени – а тоа го чувствуваат и нашите домашни миленици, и покрај тоа што се покриени со крзно. Некои кучиња имаат две нивоа крзно, кои одлично ги штитат од студ, но кај други крзното е тенко, па лесно може да дојде до настинки на ниски температури, пишува „Љубимци“.

Постојат неколку раси што се познати по својата чувствителност на студ. Кај следниве пет раси е добро познато дека не ја сакаат зимата и им е неопходна дополнителна грижа во студените месеци.

Хрт

Хртовите се витки, со минимално количество телесни масти и тенко крзно – комбинација која во зима не им помага. Поради тоа, овие елегантни кучиња се многу чувствителни на студ.

Хрт / Фото: Pexels

Басенџи

Басенџи, познат и како „африканското куче што не лае“, е мал, грациозен ловец со кратко, сјајно крзно и виткан опаш. Не ја поднесува студената сезона, па во зима најдобро е да се прошетува неколку пати дневно, но кратко – од 10 до 15 минути.

Басенџи / Фото: Pexels

Чивава

Поради малата градба и тенкото крзно, чивавата многу брзо се разладува. Одлично е приспособена на топлата клима во Мексико, но при пад на температурите брзо ја губи телесната топлина. Во студени денови препорачливо е шетањето да се сведе на минимум.

Чивава
Чивава / Фото: Pexels/nishizuka

Француски булдог

Францускиот булдог има кратко и тенко крзно, а поради рамното лице чувствителен е и на топло и на студено време. Топол џемпер или јакна може да помогне, но потребно е да се избегнува долго изложување на екстремно ниски температури.

Француски булдог / Фото: Pexels / David Kanigan

Кинеско голо куче

Оваа раса кучиња речиси и да нема природна заштита од студ. Нивното крзно се наоѓа само на главата, шепите и опашот. Ова чувствително и нежно куче мора да носи капут или топол џемпер при секое излегување, а понекогаш топла облека му е потребна и дома, доколку нема доволно греење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот