Пет милиони долари за информација за апсење на двајца руски хакери

Американскиот Стејт департмент, во соработка со Федералното биро за истраги (ФБИ), синоќа распиша награда од пет милиони долари за информација за апсење на Максим Јакубец и Игор Турашев, руски хакери одговорни за кибер криминал со меѓународни компјутерски и финансиски измами и инсталирање софтвери со вируси на различни компјутери.

Двајцата, едниот од Москва (р. 1987 година), другиот од Јошкар Ола, Република Ел Мари, Русија (р. 1981 година), од судови во Пистбург, Пенсилванија, и во Линколн, Небраска, се обвинети во отсуство за тешки кривични дела извршени во текот на период од повеќе од десет години.

Американското Министерство за правда и британската Национална агенција за криминал (НЦА)покренаа криминални тужби против нив за редица злосторства како завера, компјутерско хакирање, измами со трансфер на пари, банкарски измами со инсталирање на штетните програми „Бугат” и „Зеус”, преку кои се хакирале лични и бизнис онлајн банкарски сметки и се измамувале банки во САД и во други земји а украдените пари потоа се праќале на туѓи сметки во Русија и се изнесувале во странство.

Прочитајте и...  Општина Ресен со превентивни мерки за заштита од коронавирус

Јакубец, Турашев и други неименувани лица, се товарат за добро разработена шема која се одвивала цела деценија а резултирало во загуби и обиди за загуби во вредност од вкупно стотици милиони долари на поединци и компании низ целиот свет.

ФБИ вети дека на ист начин ќе ги гони сите криминалци кои се закана за јавната безбедност и економската стабилност на САД.

– Се работи за долготрајна истрага на софистициран и добро разработен кибер криминал… Ние работиме, помниме и ќе ги изнесеме сите криминалци пред лицето на правдата каде и да се кријат, изјави Дејвид Боудич, заменик директор на ФБИ.

Како што синоќа соопштија од американското Министерство за правда, распишаната награда од пет милиони долари за информација за апсење на двајцата руски хакери е најголема таква награда понудена за кибер криминал досега.

Прочитајте и...  Акциите на светските берзи со најголема неделна загуба

Прочитај повеќе

Заев до Мицкоски: Се уште верувате дека власта треба да се меша во судството?

Глобално се развиваат повеќе од 20 вакцини против коронавирусот

Слободен печат

Сириската армија обвинува: Турската војска директно учествува во акциите на терористичките групи

Слободен печат

Мицковски до Заев: Вие сте опседнат со Никола Груевски

Слободен печат

Пет тони канабис со потелко од Мароко запленети во регионот на Париз

МИА Агенција

Шилегов на Фејсбук: Дел од новите автобуси на ЈСП пристигнуваат во првата половина на март

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Коронавирусот пристигна и во Мексико

Слободен печат

Грчки власти: Границите на земјата се отпорни и безбедни

Слободен печат

Во Италија регистрирана 21 жртва од коронавирусот, 821 лица се заразени

Слободен печат

Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар и на Стража

Марина Дамческа

МНТ и Театар Комедија ги одложија претставите до 6 март

Бела куќа: Медиумите со пишувањата за коронавирусот сакаат да му наштетат на Трамп

Слободен печат